| МЕНТОРСКИ ЧАСОВИ |
|
|
Ин Оптимум Македонија од мај 2009 година започна со менторски часови за развивање на читачките потенцијали кај децата со пoтешкотии при читањето и дислексија.
Истражувањата покажуваат дека околу 10-15% од децата имаат дислексија во светот. Имајќи во предвид дека децата секоја година се сретнуваат со нови, поголеми и посложени поими, самодовербата опаѓа со секое ново соочување со потешкотијата за разбирање на текстот, а понатаму и со репродуцирање на истиот. Доколку децата не читаат течно, тогаш не само што потешко разбираат туку и имаат проблем со препознавање важно од неважно, препознавање на клучни зборови, организирање на времето на читање за фаќање забелешки и брзо се заморуваат.
Во рамки на менторските часови се применуваат потврдени техники и индивидуален пристап, кои овозможуваат јакнење на концентрацијата и на меморијата како и значително подобрување на читањето и разбирањето на прочитаното. Родителите добиваат препораки за работа со децата и дома! Наскоро очекувајте поучни текстови за дислексија.
Почитувани родители, согледајте го потенцијалот за квалитетно читање кај своето дете за да може успешно да учи и да се образува. Направете чекор повеќе за совладување на проблемите при читањето. Праксата покажува дека со соодветна методологија може да се постигнат солидни резултати.
Консултативен разговор и закажување на термин на 070/440 866 или на info@inoptimum.com.mk
|





