| ПОДГОТОВКА ЗА ИСПИТ |
|
|
Полагањето испит е сложен и напорен процес/задача. Професорот ви поставува низа прашања, а ваша задача е да ги разберете и од своето паметење да ги повикате релевантните податоци и да обликувате такви одговори кои вашиот професор ќе го уверат дека заслужувате добра оценка. И сето тоа го правите под притисок.Во главно е губење време кога студентите се спремаат испит затоа што не го вежбаат она што мора да го прават на испит. Повторното читање на потцртаното во книгата и некакви белешки не се вештини кои се проверуваат на испит и не ја подобруваат вашата способност за одговарање на прашања. Кога се спремате за испит, треба да вежбате. Подготовка на испит значи вежбање на она што ќе го правите на испит: присетување на информации, нивна организација и обликување на одговор. Начело на доброто припремање на испит е дуплицирање на што повеќе услови и задачи со кои ќе се сретнете на испит. Подготвувајќи се за испит на вистинскиот начин, се учи помалку а се запомнува повеќе. Помалку време се троши на читање, а повеќе на размислување за материјалот, гласно раскажување и повикување на она што веќе го знаеме за да одговориме на прашањето. Активното учење од една страна е продуктивно и штеди време, а од друга страна е поинтензивно и понапорно од она што сте навикнале. Но користа е неспоредливо поголема. За подготовка ви се потребни вашите белешки, вашиот преглед на материјалот (најдобро во облик на ментални мапи), вашите претходни испити и листови за нови белешки. Прв чекор во подготовката е да ја одмерите, процените големината и опсегот на материјали кои ви се потребни за него. Исто така би требало да знаете кој вид на одговор вашиот професор очекува. Тие фактори значајно влијаат на начинот на вашето вежбање и подготовка. Треба да знаете и дали прашањата се најмногу од предавањата, од главниот учебник или од останатата литература; има ли професорот обичај да постави трик прашање, знае ли да поставува кумулативни и поврзани прашања, врзани за материјалот од другите испити; дали се прашањата во главно насочени кон темата, поедностите или и на двете; се бараат ли факторски прашања и аналитички одговори; бара ли професорот само репродуцирање на фактите и идеите од литературата или бара ваша оригинална анализа; кое ниво на стручност бара; кој тип на прашања се на писмениот испит: повеќекратен избор, кратки одговори или одговор есеј; има ли вашиот професот цврсти ставови, вредности итн. За да соберете што повеќе информации за испитот, немојте да се воздржувате да преземете уште неколку чекори. Прашајте го вашиот професор. “Кои се најважни концепти на кои треба да обрнам внимание при учењето?“ Потоа прашајте ги студентите кои веќе полагале кај тој професор, но нека не ви влијаат субјективните искуства (кои можат да ја искриват правата слика за испитот) туку насочете се само на видот на прашањата и начинот на испрашување. Не очекувајте дека ќе се повторуваат прашањата. Насочете се на општите испитни параметри, а не на одредени прашања. Ако испитот е писмен, обидете се да најдете стар примерок од испитот. Тоа ќе ви даде насока за тоа што можете да очекувате. Бегло прочитајте барем нешто од она што вашиот професор го напишал, и тоа не само за му се вовлечете под кожа на испит туку и за да дознаете со што најмногу е преокупиран, кои се неговите ставoви и согласно на тоа што му е најважно. Ако гледате дека овој испит е поврзан со претходниот што сте го положиле, набрзина одговорете ги оние прашања за да видите колку се сеќавате на него. Ако видите дека ви треба уште, направете го тоа. Потоа поминете ги белешките и менталните мапи од тој испит. Потоа поминете ги вашите белешки за овој испит. Додека учите поставувајте си што е можно повеќе прашања, без оглед на тоа дали знаете да ги одговорите или не. Потоа земете ги оние прашања што се појавиле на испит и темелно одговорете ги. Проверете дали знаете квалитетно да одговорите на темелни прашања како и на оние високостручните.
Со сите овие подготовки, секогаш бидете сепак спремни и на неочекуваното! Ако биде потребно, бидете спремни да импровизирате. Ако сте си поставувале прашања и сте учеле со разбирање, тоа нема да биде проблем.
|











