Вашиот квалитет на живот и успех зависи од вашата интеракција со другите луѓе. Ако сте како повеќето, тогаш не поседувате способност да добиете и задржите внимание кај другите луѓе и да влијаете на нивната перцепција. Променете го тоа и откријте ја неверојатната
МОЌ НА ХАРИЗМАТА Харизмата е особена способност на личен магнетизам со кој поврзувајќи се психички, емотивно и физички влијаеме на другите луѓе кои тогаш ги отвораат своите врати за нашата перцепција. Харизмата е квалитет кој човекот не го стекнува со своето раѓање или генетски, туку едноставно мора да се научи. Знаењето и вештините кои имате можност да ги научите на овој семинар се базираат на докажаните принципи на најновите научни истражувања и најсовремените комуникациски модели кои денеска се присутни во примената на комуникациските вештини.
РАЗВИЈТЕ ЈА СПОСОБНОСТА ДА ГИ ПРИВЛЕЧЕТЕ ЛУЃЕТО КАКО МАГНЕТ И ДА ГО ДОБИЕТЕ ОНА ШТО ГО САКАТЕ ОД ЖИВОТОТ Разбирањето и примената на личниот магнетизам и способноста за влијание е клучот за остварување на ефикасен и моќен живот. Дали знаевте дека само 0,5% од луѓето го разбира и знае да го примени влијанието на личниот магнетизам?
После овој семинар ќе бидете во можност моќно да влијаете на другите луѓе и да ги иницирате на акција за да го остварите она што го сакате во животот. Досегашните програми за развој на харизмата и влијание преку личниот магнетизам се застарени и се базираат на застарени стратегии, методи и концепти. Харизма дизајн е сосема нов пристап и секоја вештина, стратегија и концепт кои ќе ги научите на овој семинар е истражен и тестиран во стварноста. Знаењата кои ќе ги добиете на овој семинар не можете никаде на друго место да ги научите. - научете ги принципите на влијание и владејте со секој комуникациски процес - контролирајте ја апсолутно секоја интеракција - научете како несвесно по пат на транс формула да влијаете на кого било - употреба на практични техники во организацијата на работата - научете како да ја преформулирате секоја ситуација во своја победа - со својот личен магнетизам ќе влијаете на секого за да го добиете она што го сакате, секогаш и секаде За предавачот: Домагој Матијевиќ, МБА, Менаџер за човечки ресурси е етаблиран автор и предавач од областа на Применетите комуникации со интернационално реноме. Успешно води свој консултантски центар во Загреб и е советник на многу реномирани компании. Активен член е на меѓународни асоцијации за комуникација и коучинг.
|