| ЗАКОНИТОСТИ НА ЖИВОТНИОТ ПРОСПЕРИТЕТ |
|
|
ЗАКОНИТОСТИ НА
ЖИВОТНИОТ ПРОСПЕРИТЕТ Во главите на
многумина лежат уверувања кои се длабоко вкоренети, а според некои и несвесно
дека животот ќе им се промени со некоја надворешна сила и влијание. Тие уверувања се блиски на следните размислувања:
Постои можност да се живее без лична вклученост, но тогаш не го живееме својот живот затоа што не управуваме со него ние туку околностите. Ако не сме
господари на својот живот, не можеме ниту да го живееме на најдобар можен
начин. Тогаш се јавуваат уверувања слични или исти на горенаведените.
Токму заради фактот што повеќето не го живеат својот живот од соништата,
постои толку незадоволство, негодувања и фрустрации во светот. Од таква
позиција не е можно да се осети животна радост, ентузијазам и љубов кон
животот. Но, што значи да
се живее најдобар живот? Кога би пробале тоа да го дефинираме, што би значело
тоа? Да се живее својот најдобар живот значи да се следи својата смисла,
својата вистина затоа што само животот исполнет со вистина може да биде живот
кој исполнува. Значи, ако не живееме на таков начин, се околу нас на некој
начин ќе ни укажува на тоа. Пред се ќе заклучиме дека сме на “крив пат“, според
својата внатрешна состојба. Како? Така што ако го пренесеме вниманието на
себеси внатре и пронајдеме разни непријатни сензации, ќе знаеме дека нешто не е
во ред. Пречките на начиот пат кон остварување на целите се предизвици кои ја
тестираат нашата истрајност и преданост на сопствените вредности. Затоа е многу
важно никогаш да не се откажуваме. Ако сме сигурни дека она што го сакаме да го
оствариме она вистинското, тогаш ќе одиме кон тоа без оглед на се. Евентуално
ќе направиме некои измени, но тоа само заради флексибилност на нашиот голем
план.
Уверувањето дека никогаш не се откажуваме со времето носи одлични
резултати. Освен што не прави посилни, похрабри и поодлучни, тоа ни носи и
огромна среќа од причина што со секој чекор сме поблиску до животот кој
отсекогаш сме го посакувале. На кој начин да се преиспитаме во колкава мерка го живееме животот од
нашите соништа?
Зошто воопшто да
си поставуваме вакво прашање? Затоа што работите кои произлегуваат од нашата
вистинска природа ги правиме со леснотија, без напор, тензија и без било каков
проблем. Таквите работи течат низ нас додека ги создаваме и изведуваме, затоа
што се дел од нас, а кога нешто е дел од нас тогаш енергијата може слободно да
тече. Затоа е многу попаметно да се фокусираме на своите квалиетети,
потенцијали и таленти и да ги култивираме. И тогаш може да наидеме на напор, но
тогаш се работи само за тензија која е нормална во почетната фаза додека се
прилагодуваме и затоа може многу брзо да ја решиме. Многумина од нас ја заборавиле својата страст. Овде се мисли на оној
динамичен, течен импулс кои блеска од нас и кој ги движи работите. Импулс кој
се јавува кога работиме нешто од днотот на душата. Да се биде во контакт со
својата страст е најважен фактор во креирањето на саканиот живот. Како да ја
откриеме? Многу едноставно – што ни остава насмевка додека нешто работиме? Што
ни создава чувство на возбуда? Одговорите на овие прашања се насоки кон кои
треба да почнеме да живееме. Љубопитноста е следниот сегмент кој треба да се усвои. Таа не тера да
истражуваме, да се менуваме, да пробаме нешто ново. Кон што и да осетиме
љубопитност, значи дека еден дел од нас не вика да истражуваме. Даја пруфатиме
е најдоброто решение. А за да дојдеме до она што сакаме да го истражиме, треба
да се слушаме себеси. Љубопитноста води кон учење, а учењето води кон напредок.
|










