| КАКО ДА ГО НАУЧИТЕ ДЕТЕТО НА ПОСТИГНУВАЊА |
|
|
Прочитајте ја најновата одлична статија на д-р.спец Владимира Велички во која можете да дознаете повеќе за сензорната интеграција за квалитетно учење: Квалитетната и складната работа на сите сетила е важна за функционирање на секој од нас во различни сегменти на животот. Под сетила, согласно со новите истражувања се подразбираат допирот, вкусот, мирисот, видот, слухот, но и рамнотежата и свесноста за телото (проприоцепција). Успехот во учењето за базира на моторичките способности кои се поврзани со сетилата кои се развиваат за време на бременоста и во периодот на доење.
Тие моторички способности се пред се, развојот на грубата и фината моторика. Под фина моторика се подразбира моториката на пишување, моторика на говорот и најфината, окуломоториката или моториката на очните нерви. Постигнувањата врзани за сетилата се следните: - Интермодалитет: се однесува на пример на препознавање на еден глас, придодавање на слика/знак/буква што одговара на тој глас, пишување со помош на мускулно помнење како и контрола со помош на сликите на кои се сеќаваме. - Серијалитет: се однесува на логичкиот редослед и можност за помнење на логичка низа, што е од особена важност при учење на читањето, пишувањето, сметањето... - Сензорна интеграција: се однесува на групирање и преработка на сетилните впечатоци и меѓусебно поврзување на различните перцепции. Ако некој перцептивен канал или обработка на информации не работи на задоволителен начин, ниту сите други сетила не можат да работат правилно. Компензациските стратегии помагаат донекаде, меѓутоа, ако се зафатени повеќе сетилни канали, тогаш таа особа ќе може да покаже само мал дел на она што навистина го може. Последица на тоа е фрустрацијата, пад на самодовербата, недостиг на волја за учење. Затворен круг од кој излез е познавањето на проблематиката и интензивен тренинг на сетилата поврзано со многу трпение. Од сето наведено може да заклучиме дека без квалитетно финкционирање на сетилата поединечно, но и на сите заедно, не можеме да воспоставиме темел за квалитетно учење. Според тоа, детето нема да може да го навежба кое било достигнување, ако наведените сетила и нивната интеграција не се во ред. Реченицата која во својата книга “Детето и сензорната интеграција“, Џејн Аирес (Jane Ayres) ја навела гласи: Детето не може да го вежба она што не може“. И тука се наоѓаме сред педагошка дилема. Споредувајќи се со секојдневните ситуации тоа би изгледало вака: Кога непливачот ќе го фрлиме во вода, можеме колку сакаме да му велиме да вежба да плива, тоа нема да му помогне. – Ќе се удави ако нешто друго не преземеме. Но, за некој да може да вежба пливање, за тоа мора да бидат воспоставени темели – телесна спремност, одредено знаење и движења. Истото е и со учењето. За да можеме да вежбаме некое достигнување, мора да воспоставиме основа а основата е квалитетна работа на сетилата и нивна интеграција.
|











