Најава на член



  • NoNetMk
  • 2sinergija-baner_06
  • cyberia baner logo
    WEB  DESIGN  CENTER - Skopje
  • matica
  • funkymem172
  • nagradna_igra173
  • brzo_citanje172
ОГЊАН ДЕНКОВСКИ Е-пошта

ЖЕЛБАТА ЗА УЧЕЊЕ МИ Е ЗГОЛЕМЕНА, А УЧЕЊЕТО ВЕЌЕ НЕ Е НАПОРНО ТУКУ ЗАБАВНО ЗАШТО ЗНАМ ДЕКА БРЗО ЌЕ ЗАВРШАМ А ЌЕ ЗАПОМНАМ СЕ ШТО Е ПОТРЕБНО.

 

Огњан Денковски е ученик во осмо одделение од Куманово. На семинарот изненади со брзината која ја постигна на белетристика на англиски јазик особено на “Злосторство и казна“ од Достоевски што беше причина да го поканиме на интервју. Ефектите од брзо читање ги чувствува и во процесот на учење.


ИН ОПТИМУМ: Како дознавте и како се одлучивте да се запишете на семинар за брзо читање?

ОГЊАН: За семинарот дознав од списанието „24 часа Здравје“ и откако малку се распрашав за самиот успех на семинарите, веднаш се решив да се запишам.


ИН ОПТИМУМ: Што се ќе применувате во учењето, менталните мапи, техниките на фокус?

ОГЊАН: Пред да почнам да учам обавезно ги користам техниките за фокус, па потоа го читам материјалот неколку пати со некоја од техниките што значително ми помага да го запомнам материјалот за многу помалку време од вообичаеното.


ИН ОПТИМУМ: Што најмногу ви се допадна за време на семинарот?

ОГЊАН: Најмногу ми се допадна тоа што после секој ден чувствував промени и подобрувања, со што знаев дека техниките се навистина успешни.


ИН ОПТИМУМ: Какво е доживувањето и разбирањето на книгите прочитани со брзо читање?

ОГЊАН: Првите два дена, не ги разбирав целосно книгите и како воопшто да немаше соживување со книгата, каков што е случајот со традиционално читање. Но, веќе од од 3-от ден почнав целосно да ги разбирам книгите и на мое големо чудење успевав да се внесам во книгите.


ИН ОПТИМУМ: Кога ви се случи “кликот“ за брзо читање?

ОГЊАН: Тоа најверојатно се случи на 3-от ден, кога почнав да ги разбирам книгите без потешкотии.


ИН ОПТИМУМ: Колку брзо сега можете да прочитате книга?

ОГЊАН: Една книга од 200 страни, со нормален фонт, напишана на македонски, без проблем ја читам за најмногу еден час. За книгите на англиски ми треба малку повеќе време, но сепак брзината е многу поголема, во споредба со традиционалното читање.


ИН ОПТИМУМ: На кого би го препорачале овој семинар?

ОГЊАН: Семинарот би го препорачал на секој тинејџер кој сака да го подобри својот фокус и својата брзина на читање. Но, сепак најмногу би го препорачал на помалите деца, бидејќи многу полесно ќе ги совладаат техниките.


ИН ОПТИМУМ: Како вие би го опишале некому семинарот и вештината брзо читање?

ОГЊАН: Семинарот е едно навистина забавно и изненадувачки успешно искуство, при што достигнувате многу поголема брзина на читање со разбирање.


ИН ОПТИМУМ: Каков беше вашиот став кон брзото читање?

ОГЊАН: Пред семинарот и на самиот почеток, навистина се сомневав во опишаните успеси и резултати.


ИН ОПТИМУМ: Каков е сега?

ОГЊАН: Сега потполно верувам во техниките, бидејќи сепак, личното искуство е најважно.


ИН ОПТИМУМ: Како сте задоволни од резултатите?

ОГЊАН: Не можам ни да започнам со опишувањето на моето задоволство. За разлика од порано, сега секогаш имам доволно време да прочитам некоја книга со потполно разбирање, без да потрошам многу од моето слободно време. Исто така почуствував голема промена при учењето, многу полесно и со поголема концентрација успевам да го совладам материјалот.


ИН ОПТИМУМ: Забележавте ли промена во традиционалното читање по семинарот за брзо читање?

ОГЊАН: Дефинитивно ми е зголемна брзината и разбирањето и со традиционалното читање.


ИН ОПТИМУМ: Чувствувате ли промена во однос на квалитетот и желбата за учење?

ОГЊАН: При учењето чувстувам дека полесно ги помнам информациите и побрзо. Желбата за учење исто така ми е зголемена, бидејќи учењето веќе не е напорен процес туку нешто забавно, зошто знам дека брзо ќе завршам, а ќе запомнам се што е потребно.