| НАЈАВА НА ТЕРМИНИ МАЈ 2012 |
|
|
На семинарот POWER READING и JUNIOR POWER READING запишете се во СКОПЈЕ во следните термини:
Термини за Скопје: POWER READING - БРЗО ЧИТАЊЕ МАЈ
Динамика на одржување: од понеделник до петок (17-21ч.) 04. – 09. мај 11. – 16. мај 18. - 23. мај 25. – 30. мај
Динамика на одржување: петок (18-21ч.) сабота и недела (10-15ч.) понеделник до среда (18-21ч.) 18. - 23. мај 2012
Динамика на одржување: петок до среда (15-18ч.)
---------------------------------------------------- УЧЕЊЕ СО POWER READING уписи во тек
Динамика на одржување: сабота и недела (10-16ч.)
Место на одржување: ул. Орце Николов бр.160, Скопје (спроти Центар за странски јазици)
Техниката за брзо читање се состои од вежбање на усвојување на целината на мислите, создавање слика за прочитаното a не на поврзување на одделните зборови. Усвојувањето на целината на мислите се постигнува со ширење на видното поле, со зголемување на брзината на ритмичното движење на очите (очите не скокаат од збор на збор туку лизгаат по текстот), со намалување на субвокализацијата (изговарање на зборовите во себе) и невраќање на прочитаното. Брзото читање прочитаниот текст веднаш го претвора во слики (претстави), замисли и асоцијации така што се помнат слики а не зборови. Тоа е возможно затоа што истовремено е активна и левата и десната страна на мозокот..
Со зголемување на помнењето, се буди позитивна емоција кај читателите затоа што се чувствуваат посигурни, односно свесни за прочитаното. Читањето не е површно, туку се соживуваме со дејството, сочувствуваме со ликовите, а токму тие создадени слики ни остануваат во долготрајно паметење. Со усвојување и увежбување на техниката за брзо читање, можеме многу успешно и да учиме. Брзото читање ни овозможува многу подобро и поквалитетно да го запознаеме текстот кој сакаме да го научиме. Клучот на доброто учење и помнење е да се постигне интерес, да се насочи вниманието (фокусирање на вниманието) и да се постигне концентрација. Добиваме целовитост на текстот, а целината ни го дава потребниот контекст за разбирање, поврзување и помнење на новите делови и детали со она што ни е веќе познато.
|










