| Брзо читање 03.07 – 08.07.2009 |
|
|
“Семинарот е супер! Многу се постигнува и се отвораат нови порти и можности. Отпрвин се мислев дека е малку чудна таа идеја, брзо читање, но сепак како тече семинарот станав свесен колку се унапредува и усовршува таа техника. И колку се добива со брзотот читање. И на крај испадна многу корисно и вреди да се посети.“
- анонимен учесник
“Научив добри техники за брзо читање како и добри техники за меморирање – ментална мапа – корисна за моите студии.“
- Александар Николов, студент
“Научив како да читам побрзо и да учам побрзо. Да учам со правење на ментални мапи. Овој семинар ќе ми помогне во моето понатамошно школување.“
- Сандра Бошковска, ученик
“Овој семинар во целост ги исполни моите очекувања. Многу ми се допадна начинот на работа, користените методи и секако постигнатите резултати. Техниките кои ги совладав, ќе ми бидат од голема помош, при учењето. Се на се, секоја чест!“
- Миа Трипунова, студент
“Моите впечатоци од семинарот Брзо Читање беа одлични гледајќи од секој аспект. Беше многу пријатно да се следи семинарот и не беше воопшто заморно. Резултатите што ги остварив се дури поголеми од она што го очекував. Навистина вредеше да се следи семинарот.“
- анонимен учесник
“Сметам дека семинарот за Брзо Читање е една од најдобрите и најефикасни светски работи. Навистина имам многу големи резултати кои секако се позитивни. Имам мотив да читам повеќе книги бидејќи сум свесна дека ќе ми оди брзо за разлика од кога читав традиционално. Сфатив дека со брзото читање фокусот на очите и мозокот ги ловат навистина само важните и клучни информации и детали.“
-Дина Стојковска, новинар
|


















