Најава на член



Анкета

Најдобро се чуствувам во :
 
  • NoNetMk
  • 2sinergija-baner_06
  • cyberia baner logo
    WEB  DESIGN  CENTER - Skopje
  • matica
  • funkymem172
  • nagradna_igra173
  • brzo_citanje172

Брзо читање

термини и цени

ВПЕЧАТОЦИ НА УЧЕСНИЦИТЕ Е-пошта

ДРАГИ ПОСЕТИТЕЛИ, ПРОЧИТАЈТЕ ГИ ИМПРЕСИИТЕ НА НЕКОИ ОД УЧЕСНИЦИТЕ КОИ ГО ПОМИНАА СЕМИНАРОТ

БРЗО ЧИТАЊЕ!

 

 

 

 

Впечатоци на учесниците од семинарот Power reading - Брзо читање


“На семинарот дојдов со големо љубопитство но без конкретни очекувања зашто не знаев како мојот мозок ќе ги прифати предизвиците на брзото читање. Идејата за ослободување на мозокот и видот од конвенции а воедно и оптимизирање на нивната способност ја увидов во техниките и придружните вежби за брзо читање. После семинарот чувствувам дека послободно и побрзо се движам низ секакви текстови. Човек треба да сака предизвици и промени за да извлече корист од презентираното.“

Биљана Николовска, инструктор по англиски јазик

 

 

 

“Многу сум задоволна од курсот и техниките што ги научив. Целиот курс го доживеав како забавен и поучен. Прекрасно чувство имам дека нешто ново учам и колку тоа ќе го користам бидејќи сакам да читам и учам. Го препорачувам на секого.“

Маја Кочовска, оптичар

 

“Јас лично сум задоволна од овој семинар. Во текот на овие денови прочитав 8 книги (малку изненадувачки) и за солидно време со помош на новиот метод Брзо читање. Мислам дека ова ќе ми служи за многу работи понатаму како и за учењето. На почетокот пред да дојдам на првиот час не бев баш заинтересирана, но сега кога го поминав овој дел од семинарот, не се каам воопшто и сум задоволна.“

Мартина Димовска, средношколка

 

“Во текот на семинарот прочитав повеќе книги од вкупно што ги имам прочитано досега. Малку беше напорно, но научивме многу. Мислам дека од брзото читање ќе имаме многу корист во животот.“

Анонимна средношколка

 

“Јас сум задоволна од овој семинар. Ми помогна многу за да можам да се фокусирам. За овие неколку дена прочитав осум книги. Мислам дека брзото читање ќе ми помогне многу и понатака. Ќе можам полесно и побрзо да ги читам и сфаќам книгите.“

Анонимен учесник

 

“Семинарот Power reading со сигурност можам да кажам дека претставува несекојдневно искуство. Го доживеав како освежување меѓу многубројни обуки кои досега сум ги посетувал. Ме израдува брзо видливиот ефект од семинарот и реалната применливост на научената содржина. Го препорачувам!“

Анте Попоски, доктор на медицина

 

“Дефинитивно нешто ново и многу интересно! Се разбира и корисно посебно за студенти, ученици и работни луѓе кои сакаат да примаат нови информации и знаења.“

Анонимен учесник

 

“Овој семинар во целост ги задоволи моите очекувања бидејќи дознав нешто повеќе и за самата себе, односно за моите можности. Секоја вештина е одлично да се знае. Бидејќи студирам книжевност, оваа вештина ќе ми помогне многу, со тоа што ќе читам повеќе и ќе читам со задоволство. Менторот, т.е изведувачот е една особа со високи квалитети од која сум целосно задоволна.“

Симона Ристевска, студент

 

“Бев импресионирана од начинот и техниката на совладување на вештината брзо читање. Особено бев воодушевена кога книгата што јас ја имав прочитано со традиционално читање и ми беа потребни три дена, со брзо читање за само 30 дена се помнеше и презентирање истата содржина.“

Анонимен учесник

 

“Јас лично сум многу задоволна од семинарот кој беше одржан. Навистина не очекував да биде толку успешно и ефикасно брзото читање.“

Анонимен учесник

 

“Интересна техника која со континуирано вежбање ќе ги даде посакуваните резулати. Едно ново насочено искуство кое придонесува да станеш свесен за некои работи при перцепцијата на текстот за кои досега не сум обрнал внимание. Во секој случај брзината ми се зголеми исто и на традиционалното читање. Благодарам за можноста што ми се укажа со курсов.“

Димитар Анастасовски, менаџер

 

“Семинарот сметам дека е одлично склопен и дека брзото читање е вештина која што може секому да му помогне. Со Брзото читање се зголемува концентрацијата, фокусот и со изучувањето на менталните мапи се здобиваме со информации што може да помогнат во сите аспекти од животот.“

Јована Илиевска, средношколка

“Што побрзо да се вклучи во школскиот систем и на работните места!“

Елена Мангова, преведувач

 

“Семинарот ми помогна да се фокусирам на битните поенти при читањето, да го рационализирам времето при читање и да не се оптеретувам со површни детали.“

Анонимен учесник

 

“Прекрасно доживување. На патот има многу знаци кои најчесто не ги забележуваме, но сега застанав, ги препознав и ги прочитав. За тоа ми помиогна сигурно брзото читање. Ги отвора можностите да гледаме, забележуваме и што е најважно да не ги пропуштаме можностите.“

Анка Лазарова, економист

 

“Неопходен инструмент за секој кој сака да биде просветлен со растечките количини информации на денешното време, но и благословен со способноста да совлада, да прими неспоредливо поголеми количини од уметноста на пишаниот збор. Одличен предавач.“

Елизабета Кркачева, преведувач

 

“Мислам дека после овој семинар многу полесно памтам и многу побрзо читам, не губам концентрација и полесно учам J.

Соња Граждани, ученичка

 

“Пријатно искуство кое ги проширува видиците и можностите“.

Силвана Јанковска, градежен инженер

 

“По стекнатото искуство, тешко дека ќе читам некогаш пак на традиционален начин.“

Ѓорѓи Јанковски, ученик

 

“Поминав добро, научив да читам брзо, само во понеделникот ми беше тешко. Инаку се друго е добро и совладливо.“

Дејан Јанковски, ученик

 

“Брзото читање ќе ми помогне многу за понатамошното учење.“

Иван Павлоски, ученик

“Се е можно...“

Анонимен учесник

 

“Ми се допаѓа работа во група и не е многу напорно, само треба да сакаш да ја совладаш техниката и да се продолжи да се вежба.“

Анонимен учесник

 

“Секогаш кога сум платил за обука или едукација, потоа или сум добил или не сум добил чувство за вистинска вредност на наученото. Вистинската вредност за мене е применлива вредност. Овде тоа чувство е невообичаено силно.“

Коста Мицковски, бизнисмен

 

“Многу сум задоволен, бидејќи гледам добри резултати по завршувањето на курсот. Имам видно подобрување во однос на ефикасноста при брзото читање. Нестрплив сум да почнам да ги применувам овие моќни техники во мојата секојдневна работа.“

Денис Александров, информатичар

 

“Различните техники брзо ги совладав и почуствував, колку многу ние со нашиот мозок можеме да постигнеме ако само малку повеќе од вообичаеното се потрудиме. Многу сум задоволна зошто ова ќе ми помогне на долгорочен план, а ќе продолжам и понатаму да бидам во тек со новите откритија на ова поле.“

Анонимен учесник

 

“Семинарот е супер! Многу се постигнува и се отвораат нови порти и можности. Отпрвин се мислев дека е малку чудна таа идеја, брзо читање, но сепак како тече семинарот станав свесен колку се унапредува и усовршува таа техника. И колку се добива со брзото читање. И на крај испадна многу корисно и вреди да се посети.“

Анонимен учесник

 

“Научив добри техники за брзо читање како и добри техники за меморирање – ментална мапа – корисна за моите студии.“

Александар Николов, студент

 

“Научив како да читам побрзо и да учам побрзо. Да учам со правење на ментални мапи. Овој семинар ќе ми помогне во моето понатамошно школување.“

Сандра Бошковска, ученик

 

“Овој семинар во целост ги исполни моите очекувања. Многу ми се допадна начинот на работа, користените методи и секако постигнатите резултати. Техниките кои ги совладав, ќе ми бидат од голема помош, при учењето. Се на се, секоја чест!“


Миа Трипунова, студент

 

“Моите впечатоци од семинарот Брзо Читање беа одлични гледајќи од секој аспект. Беше многу пријатно да се следи семинарот и не беше воопшто заморно. Резултатите што ги остварив се дури поголеми од она што го очекував. Навистина вредеше да се следи семинарот.“

Анонимен учесник

 

“Сметам дека семинарот за Брзо Читање е една од најдобрите и најефикасни светски работи. Навистина имам многу големи резултати кои секако се позитивни. Имам мотив да читам повеќе книги бидејќи сум свесна дека ќе ми оди брзо за разлика од кога читав традиционално. Сфатив дека со брзото читање фокусот на очите и мозокот ги ловат навистина само важните и клучни информации и детали.“

Дина Стојковска, новинар

 

“Прекрасно патување низ буквите кое кога ќе заврши добиваме една целина. Професионалност, уверлив пристап, мудрост. Со една реченица сега секој текст го гледам со поинаков пристап.“

Радица Спасовска, менаџер на продажба

 

“Од голема корист се покажаа менталните мапи кои материјалот за учење во голема мера го намалуваат односно е полесен за обработка. Фотокопирањето исто тка се покажа како помошно средство за запознавање со материјата која треба да се помине.“

Благој Петровски, студент

 

“Семинарот за брзо читање ми овозможи неколкукратно да ја зфголемам брзината на читање. Чувствотот дека после семинарот едноставно ја “голатате“ секоја книга е неверојатно.“

Игор С., економист

“Нешто задолжително...“

Дарко Крстиќ, магистрант и спортски тренер

“Огромна промена во начинот на читање и меморија. Преку ова и мојата самодоверба се зголеми значително. Целиот курс сигурно ќе ми помогне на факултет во моите студии.

П.С. Беше многу забавно!

Дамјан Стојановиќ, студент

“Со овој семинар за брзо читање стекнав поголема брзина при читањето што многу ќе ми помогне при учење на лекциите. Омилена техника ми е “зоро“. Исто така се подобрува и концентрацијата и меморијата преку соодветни вежби.“


Марија Поцковска, ученик

 

“Солидно и конструктивно. Семинарот ги оправда моите очекувања. Обучувачот ги креираше техниките според индивидуалните налагања а јас лично успеав да се вклопам (најдам) одберам во повеќето од нив. Не би сакала тука да застанаме.“

Катица Мицева, професор по македонски јазик

 

“Семинарот ми помогна да осознаам нови техники, меѓу кои морам да признаам, имаше и такви што несвесно сум ги користела а за нив не сум имала име. Конечно мое видување за овој семинар е дека концентрацијата и меморијата (кои признавам беа мои приоритети) ги подобрив. Знам дека сега можам да читам побрзо а при тоа да ја зачувам концентрацијата. Семинарот е вистински избор за оние што знаат што сакаат за себе.“

Вања Велева, директор

 

“Од почетокот на семинарот не верував во “брзо читање“. Гледав неколку клипови на интернет кои морам да признаам ме изненадија. Дури на моменти помислив дека сето тоа е само обична реклама. Но, читајќи ги информациите на веб страната, се повеќе во мене се јавуваше желба да се пријавам на курсот. Првиот ден беше интересно бидејќи совладувањето на нов начин на читање, поразличен од “традиционалниот“ беше сосема нов за мене. Со завршувањето на курсот, сфатив дека брзото читање не е само обична реклама туку реалност.“

Маре Бонева, средношколка

 

“Сметам дека со помош на овој семинар ќе можам полесно да го совладувам материјалот од училиштето и ќе имам време за читање книги напоредно со учењето. Најинтересно ми беше и ми остави впечаток начинот на кој што се впива текстот од страниците на книгата. Би препорачала на сите љубители на литературата да го поминат семинарот и да уживаат во читањето.“

Нина Бајрактарова, средношколка

 

“Од семинарот заклучив дека најголема корист се менталните мапи. Она што е мапирано на хартија придонесува за квалитетно повторување и вечно памтење. Со владувањето на секоја техника се добива со повторување па така и брзотот читање и менталните мапи.“

Филип Поповски, правник

 

“Оваа недела што измина за мене претставуваше едно ново искуство, кое што многу ќе ми користи понатаму во животот. Ми отвори нови врати, предизвици како би можела јас да читам и да учам и да го разбирам сето тоа за многу кратко време. Јас сум многу задоволна од оваа измината недела, која што беше напорна, но се исплатеше и ќе ми се исплати понатаму. Благодарност до Ин Оптимум а посебно до г-ѓа Гордана.“

Душица Георгиева, студент

 

“Чувството на самодоверба и неограниченоста на човековите можности е нешто прекрасно. Токму со овој курс успеав да ги зацврстам овие чувства, како и чувството за уживање при читањето. Единствено што треба да вложиме е да истраеме до крај.“

Иван Стојанов, студент

 

“Се запознав со за мене нови техники на читање. Не ми беа напорни. Извесно време ќе ги користам сите техники, како во моментот ќе ми дојде. Сега читам побрзо.“

Лазо Спасовски, електро инженер

 

“Од семинарот би ја издвоила техниката на празнење мисли (фокус), понатаму делфин техниката за брзо читање, како и основниот модел на учење.“

Л.Г., електро инженер

 

“Со посетата на овој семинар, и покрај мојата можност да читам многу брзо, ги доусовршив своите познавања на техниките за читање. Научив нови работи од исклучива важност и поттик, мотивација за се побрзо и побрзо читање а воедно и меморирање на прочитаната материја. Посетувањето на овој курс ми овозможи да научам како полесно да ги воочувам, читам и паметам и долгорочно да ги меморирам одредени материи што ќе ми биде од исклучива помош при учењето на студентското градиво кое ми се задава.“

Кристина Лаброска, студентка

“Презадоволен!“

Петар Лаброски, средношколец

 

“Позитивно, ново искуство, како да имам 4 прозори во куќа, а користиш само еден. Отворање на ново поглавје, себеспознание, учиш нешто за себе.“

Пандора Мисевска, менаџер

 

“Јас на семинарот Брзо читање гледам како на едно позитивно искуство. Научив многу интересни и корисни техники кои што мислам дека ќе ми користат во учењето и читањето. Се надевам дека успешно ќе продолжам да ги применувам работите што ги научив.“

Магдалена Стаменковска, студентка

 

“На семинарот дојдов со големо љубопитство но без конкретни очекувања зашто не знаев како мојот мозок ќе ги прифати предизвиците на брзото читање. Идејата за ослободување на мозокот и видот од конвенции а воедно и оптимизирање на нивната способност ја увидов во техниките и придружните вежби за брзо читање. После семинарот чувствувам дека послободно и побрзо се движам низ секакви текстови. Човек треба да сака предизвици и промени за да извлече корист од презентираното.“

Биљана Николовска, инструктор по англиски јазик

 

“Ова беше сосема ново искуство за мене кое ми покажа да пробам некои нови техники на читање и истовремено совладување на материјалот. Се надевам дека со брзо читање ќе можам побрзо и поефективно да ги совладам книгите од Правен факултетJ

Мила Мисевска, студентка

 

“По природа сум многу затворен тип на личност, но најмногу од се ја сакам искреноста. Ова што о доживеав на обуката за мене беше прекрасно искуство. Веќе ја поминав педесетата година, а се чувствува како да поаѓам во прво одделение. Криво ми е што порано не сум разбрала дека постои овој метод на читање. Посебно ми беа интересни менталните мапи. За крај посебно ми беше чест што имав брилијантен обучувач-тренер како што е Горде.“

Анонимна учесничка

 

“Се на се едно ново и убаво искуство за мене. Се надевам и доста корисно и користено од мене понатака. Учење – позитивно искуство – поинаква перцепција – визуелизација – сликовито размислување – фокусирање и концентрација – одлично дружење – задоволство и опуштеност.“

Пеце Атанаскоски, менаџер

 

“Сметам дека со завршувањето на овој семинар способноста да го “дижестирам“ било кој текст е зголемен. Вежбите за фокус и меморија се дополнителни алатки кои најверојатно ќе го унапредат начинот на кој понатаму ќе читам. Со техниката делфин успеав да го разберам методот брзо читање. Исто така, читањето по средина и техниката спирала се покажаа како особено ефикасни техники.“

Ариан Шумковски, менаџер

 

“Семинарот Брзо читање нуди можност да согледаме/научиме нови техники на гледање/воочување/учење. Ме поттикна на понатамошно вежбање и развивање. Забележав дека веќе целам кон “разбирање“ на она што го гледам/читам без да ги “прочитам“ сите детали. Темпото ми годеше:)“

Билјана Спирева, помлад асистент

 

“Запрепастува фактот што со брзото читање се проширува и видното поле и умот, она што се подразбира под “размислување надвор од кутијата.“ Кликот или главниот пресврт настана уште на самиот почеток, со самите воведни техники-подготвителни. Целиот семинар е една голема подготовка за ново поглавје во книгата наречена “Живот“. Многу сум благодарна!“

Сандра Авросиевска, професор по англиски

 

“Се одлучив да го посетувам семинарот од љубопитност и дали брзото читање (со разбирање) е навистина можно (за мене)? Заклучив дека како и сите други работи, е можно доколку навистина му се посветиш.“

Виолета Јаневска Бојковска, архитект

 

“Доживеаното можам да го опишам со „секој ден во секој поглед се повеќе напредувам“ и го чувствувам тоа навистина. Ми се допаѓа и размислувам и за совладување на техники на учење.“

Анонимна учесничка

 

“Корисно, се надевам и применливо, со вежбање и стрпливост во пракса.“

Драган Стојановски, менаџер за продажба

 

“Ефектна и корисна вештина за учење и слободна литература како и надоградување и нови информации за самиот себеси.“

Андреа Бојковска, средношколка


“Значи бев голем скептик, но кликот се случи некаде вториот ден и оттогаш се чувствувам како да можам се.“

Ивана Илиевска, студентка

 

“Семинарот многу ми помогна. Читам околу 5 пати побрзо од порано со исто ниво на разбирање. Ги усвоив речиси сите техники, но најмногу ми одговараат техниките “цик-цак“ и “машнички“ од кои создадов сопствена техника. Читањето на книги полека ми станува хоби, најмногу поради тоа што можам да прочитам многу за кратко време.“

Филип Бујароски, средношколец

 

“Убаво искуство кое очекувам да има практична примена, би го знаел ефектот после 2-3 месеца, дефинитивно треба да се прошири кај помладата популација која треба да ја помине оваа обука.“

Љубомир Кекеновски, универзитетски професор

 

“Супер семинар. Техниките се добри за да се зголеми концентрацијата, меморијата...Најдобра техника за мене-техника на машнички и техника на маргини.“

Елена Брезовска, доктор на медицина

 

“После семинарот го добивате тоа што не сте го очекувале, сте биле скептик и едноставно сте мислеле дека е невозможно. Мислењето дека брзото читање и брзо замара сфатив дека е тотално погрешно. Читајќи делфин, се чувствувате како да пливате делфин низ текстот и ги примате сите убавини од океанот. Посебна благодарност на предавачот за начинот на предавање и комуникација.“

Фанче Василевска, гл.мед.сестра

 

“Интересно ново искуство за кое сум чул, но за првпат го доживеав. Техниките одредени беа лесно совладливи и јасни, но одредени потешко совладливи. Корисно за читање белетристика. Корисно за создавање мапи (ментални) за полесно правење концепти. До вториот ден беше потешко, оттогаш полесно и со понапредните техники. Забавно во секој случај.“

Лазо Јордановски, доктор на медицина

 

“Одлично искуство, полезност од овој семинар ќе имам во секој поглед доколку го применувам истото, а ќе ми користи особено во апстрахирање на неважното и доловување на суштината.“

Дејан Петров, социјален работник

 

“На почетокот на овој семинар оваа техника за брзо читање се чинеше доста сложена и неизводлива. Со време, концентрацијата се зголемуваше, фокусот на гледање и на разбирање на четивата стануваа се појасни до тој степен што заклучно со последниот час стануваше се појасно.“

Катица Станојковска, социјален работник

 

“Задоволна од постигнатиот резултат. Сметам дека овој семинар ќе ми послужи за понатамошно полесно совладување на одреден материјал. Лично најприфатлива ми е техниката на машнички и зоро техниката.“

Цветанка Георгиевска, социјален работник

 

“Во почетокот збунувачки подоцна поразбирливо. Мислам дека не може да се користи на

секаква литература. Во секој случај релаксирачки, интересно и ќе се трудам да го применувам ако не секојдневно, барем неколку пати неделно.“

Јованка Јакимовска, доктор на медицина

 

“Порационално искористување на времето со тоа што на одреден текст се губи помалку од времето а со тоа останува повеќе време за извршување на останатите активности. Техниките за брзо читање се совладливи доколку се има и целосна концентрација и посветеност кон тоа што се учи. И секако тука секој поединец се фокусира кон одредена техника која му е најприфатлива. Во мојот случај зоро и маргини.“

Кристина Ефтимовска, деловен секретар

 

“Имам впечаток како да ми се зголеми видното поле, а сепак го одржувам фокусот. Интересна интелектуална придобивка за мене.“

Савица Петровска, инженер биолог

 

“Ново искуство, кое ме надополнува, а има уште многу нови. Го доживеав максимално релаксирачки поради одличен менаџмент на едукаторот. Сите техники ги прифатив со релативно иста тежина и апликативност! Интелектуален профит!!!“

Марика Ивановска, доктор интернист

 

“Навистина семинарот Брзо читање со неговите техники помага за брзо читање. Го скратува времето. Времето поминува во многу пријатна атмосфера на семинарот. Моите омилени техники се читање со картичка, машнички, можеби и зоро.“

Теодора Спасова, книговодител

 

“Предавањето беше одржано на највисоко професионално ниво од страна на предавачот. Со оглед на мојата едукација и начин на читање наметнат како неопходност заради постигнување на високи резултати во професијата, јас имав развиена способност за фотографска меморија пред одржувањето на семинарот во мојата институција. Методите кои беа презентирани и за кои бевме обучувани во текот на овој семинар, на аналитичен начин ми објаснија и овозможија видување од поинаков карактер за брзото читање. Со читање на околу 5 страни за 4 минути како класичен читач, по само три посетени часа (дена) на обука за техниките делфин, зоро, цик-цак, машничка, по маргини и други помошни техники, констатирав дека читам околу 8-9 страни во минута со разбирање од околу 40-60% и сметам дека доколку продолжам да ги развивам овие техники во догледно време ќе читам и разбирам многу повеќе. Техниките спонтано ги применував во тековното работење и морам да констатирам дека многу ми помогна во секојдневните активности врзани за работата која ја обавувам.“

Мила Младенова, правник

 

“Семинарот е доста добар, па би го препорачала и на други да го посетат. За време на семинарот научив брзо читање од кои две фази најмногу ми се допаднаа: со картица и зоро.“

Лилјана Димовска, администратор

 

“Семинарот е исклучително добар, но премногу интензивен. Техниките се доста добро објаснувани и показно покажувани. Предлагам семинарите да отпочнуваат од сабајле со ден пауза, за да можат работите и техниките да “легнат“.

Горан Андрески, машински инженер

 

“Прекрасна обука која овозможи сув, брз и ефикасен начин за запознавање на секоја содржина. Од понудените пристапи-техники, техниката машна и напредната техника картичка ми овозможија да ја пронајдам на едноставен начин содржината на текстот чија поширока целина станува видлива во текот на четвртиот ден на обуката. Накусо, обука која треба да биде посетена и која нуди запознавање на човековите интелектуални потенцијали на апликативен начин.“

Марко Димовски, правник

 

“Премал е просторот предвиден за да искажам колку позитивно влијаеше семинарот. Топло го препорачувам на секој кој го нема досега посетено. Вистинско откритие за мене и права инвестиција за самиот себе. Се учат и совладуваат неколку техники на брзо читање од кои најдобро ми легна техниката зоро во комбинација со машнички. Сега ми останува само да ја совладам техниката со која би можел да го напишам она што ќе успеам да го прочитам. Само напред.“

Миле Томов, економист

 

“Задоволен сум од курсот и неговата цел. Многу ми помогна во читањето и развивањето на некои умствени способности.“

Димитар Тошев, средношколец

 

“Искрено семинарот го завршив со поголема брзина од што очекував. Најинтересен ми беше третиот ден, најмногу ми лежат техниките зоро и машнички. Кликот ми беше на техниката маргини откако се вратив на зоро и делфин. Треба да работам на задржување на брзината и зголемување на степенот на разбирање. Го препорачувам на сите!“

Дејан Спасески, ИТ менаџер

 

“Искуство кое е незаменливо! Мотивот кој го добива човек со овој курс за себенадоградување е огромен, поинаков и посебен. Благодарам најмногу!“

Емилија Евтимова-Спасеска, правник

 

“Материјалот и предавањето правилно одредени према бараното ниво да се примат информации.“

Борис Авросиевски, ИТ инженер

 

“Семинарот навистина ми ги отвори очите за читање, начин на перцепција и разбирање на прочитаното. Најомилена техника ми е делфин во комбинација на зоро техниката. Голема благодарност до тренерот Гордана.“

Дејан Костоски, машински инженер

 

“Одлично место за отворање на нови видици! Уживав сите овие денови!“

Марија Андоновска, доктор на медицина

 

“Во деновите на викенд ефектот беше поголем. Исто така на интересни содржини е потешко да се држи темпо, а поголемо е разбирањето. Менталните мапи се одлични, ми недостасуваа последните денови.“

Калина Миљовска Антевска, правник

 

“Семинарот Брзо читање нуди интересно патување на секој поединец во сферите во кои природно најдобро се снаоѓа, откривање на потенцијалите за кои не е свесен и надоградување на веќепостоечките квалитети. Изострување на сетилата, подобро фокусирање, чувство на владеење на материјалот кој треба да се чита, учи, разгледува и сл.“

Љубица Поп-Тошева, студентка

 

“Семинарот Брзо читање би го препорачала на сите љубители на книги. Генерално, сум задоволна од постигнатото, научив нови техники и за кратко време прочитав повеќе од 9 книги. Ова беше ново искуство за мене, кое што секако ќе го практикувам понатаму во животот. Имам најпозитивни коментари и за предавачот и за семинарот Брзо читање кој што верувам како иден правник секогаш ќе го користам.“

Катерина Тунџева, студентка

 

“Брзо читање ми помогна многу, во читање, разбирање и перцепирање. Сите техники што ги учевме беа корисни на свој начин. Мене лично “делфин“ стилот и маргини ми одговараа најмногу, толку убаво разбирав се што читав, буквално како пливање ми доаѓаше. Брзо читање ми помогна да сфатам дека имам силен фокус, што досега не сум го знаела. Благодарна сум и на Гордана.“

Меригона Хоџа, студентка

 

“За мене лично мислам дека многу влијае и книгата што ја читам во однос на тоа дали ме интересира или не. Секоја техника е добра во зависност од тоа што читам, но сепак тоа што најдобро совладувам е цик-цак. На тој начин мислам дека најголем дел фаќам и подобро разбирам. Инаку со вежбање се се постигнува. Ова беше едно супер искуство за мене.“

Греса Хоџа, студентка

 

“Многу задоволен од начинот на којшто бев трениран од професорката (благодарност). Ефективен курс во кој научив побрзо да читам и многу побрзо да сфатам. Како техники би ги издвоил пасус техника и зоро. Моја оценка од 1 до 10 е 10.“

Зуди Енуз, студент

 

“Беше побарано да ги напишам своите впечатоци од целата атмосфера и искористените техники за време на семинарот. Едноставно би рекла “Дајте нешто да се чита. Не да се пишуваJ“ Кога ќе дојдете во Ин ОПТИМУМ Ве подучуваат како да цртате, читате, да визуелизирате, да “фотокопирате“, да се фокусирате...Па како по завршени 6 активни денови да пишувам?!? Музика, техника инка и зорор секогаш ќе ги паметам. Не е лесно брзо да се чита, потребно е многу работа и “изедени букви“ од книгите кои таму некаде чекаат на нас. До некоја наредна прилика брзо-читајте!“

Јулијана Даскалов, финансиски менаџер

 

“За успех мислам дека кратко трае курсот за брзо читање. Но ми се допаѓаат техниките па затоа ќе вежбам.“

Неџмедин Хоџа, менаџер