Најава на член



Анкета

Најдобро се чуствувам во :
 
  • NoNetMk
  • 2sinergija-baner_06
  • cyberia baner logo
    WEB  DESIGN  CENTER - Skopje
  • matica
  • funkymem172
  • nagradna_igra173
  • brzo_citanje172

Коментар на Неделата

“Премал е просторот предвиден за да искажам колку позитивно влијаеше семинарот. Топло го препорачувам на секој кој го нема досега посетено. Вистинско откритие за мене и права инвестиција за самиот себе. Се учат и совладуваат неколку техники на брзо читање од кои најдобро ми легна техниката зоро во комбинација со машнички. Сега ми останува само да ја совладам техниката со која би можел да го напишам она што ќе успеам да го прочитам. Само напред.“


Миле Томов, економист


Е-пошта

 

ИН ОПТИМУМ – ОПТИМАЛНА СОСТОЈБА НА ПОСТОЕЊЕ

 

Денеска, во 21 век, во време на брзи промени кога од сите страни добиваме информации, ЗНАЕЊЕТО е клучен фактор за управување со тие сегменти на животот како и за развој на личните потенцијали. Да бидеме реални и да не заборавиме дека ние луѓето поседуваме слободна волја. Сами ја креираме својата сегашност, но и својата иднина.

Научете да создавате и да се однесувате квалитетно секој ден и да бидете присутни во секој момент, затоа што важно и реално е само она што е сега и овде. Препуштете се на нови знаења, бидете со отворен ум и љубопитни како мало дете. Тоа е патот кон успехот и благосостојбата.

 

Знаењето е потребно за личниот развој. Опстанокот и зачувувањето на својот интегритет кој води кон остварување на основните права на човекот: да биде, да прави и да го има она што го сака, е уметност да се оствари во вакви околности. Постојат различни видови знаења кои на човекот му се потребни за да оствари добробит и корист. Но, постои знаење кое е базично и кое овозможува прифаќање и примена на сите останати знаења...тоа е знаењето за сопствените потенцијали како и за нивната примена и развој. Докажано е дека се она што го работиме, мислиме, чувствуваме и живееме е поврзано и зависно од процесите кои се одвиваат во нашиот мозок.

 

Една од законитостите на функционирање на мозокот е “искористи или изгуби“. Поголемиот број луѓе секојдневно губи преку 100.000 мозочни станици затоа што или не ги користат или ги користат на погрешен начин. Основната причина е губење на контакт со сопствената природа како и ниското ниво на самодоверба и игнорирање и незнаењето за своите способности и можности како и непоседувањето на знаење како сето тоа да го развие.

Ин Оптимум Македонија – Центар за едукација и развој на човечките потенцијали по лиценца на Ин Оптимум систем – Академија за развој на човечки потенцијали од Хрватска, ги спроведува следните програми:

 

БРЗО ЧИТАЊЕ (POWER READING)
ЈУНИОР БРЗО ЧИТАЊЕ
УЧЕЊЕ СО POWER READING МЕТОДОТ

ОПТИМУМ ЗОНА СЕМИНАР

ХАРИЗМА ДИЗАЈН СЕМИНАР

 

Програмите ги задоволуваат највисоките светски стандарди и ги изведуваат едуцирани и компетентни предавачи кои ги задоволуваат сите критериуми на професионална работа, едукација и пристап.