Најава на член



  • brzo_citanje172
КАТЕРИНА ТУНЏЕВА Е-пошта
DSC3294

И БЛАГОДАРАМ НА МАЈКА МИ ШТО ИНСИСТИРАШЕ ДА НАУЧАМ БРЗО ЧИТАЊЕ


Катерина Тунџева е студентка по право и на семинарот дојде на инсистирање на нејзината мајка за што и е искрено благодарна. За време на семинарот прочита 9 книги и воопшто не и е жал за одвоеното време. Вели дека сега може да ги комбинира сите техники и да чита според своето расположение и тоа една книга од околу 250 страници за околу еден час.


ИН ОПТИМУМ: Како се одлучивте да се запишете на семинарот за брзо читање?

КАТЕРИНА: Мојата одлука за запишување на семинарот Брзо читање е на инсистирање и укажување на мајка ми дека овој семинар поради карактерот на професијата за која што сум се определила ќе ми биде од голема корист. За нејзината упорност и инсистирање да се запознае нешто ново, искрено сум и благодарна.


ИН ОПТИМУМ: Вие сте студентка по право. Како од перспектива на иден правник ја гледате вештината брзо читање, со оглед на тоа дека вашата професија бара многу читање?

КАТЕРИНА: Професијата правник бара активно следење и познавање на голем број закони и други прописи. Вештината на брзо читање во голема мерка ќе ми помогне обемните материјали побрзо да ги совладам, а за кои понекогаш е потребно и повторување по неколку пати. Исто така, сите материјали од судската пракса се обемни како од квантитативен така и од квалитативен карактер, за што вештината брзо читање ќе ми биде од голема корист.


ИН ОПТИМУМ: Што најмногу Ви се допадна за време на семинарот?

КАТЕРИНА: Пред се, најголем впечаток ми остави пристапот на предавачот, кој е целосно посветен и коректен и секако пријателски настроен, а што се однесува до семинарот, најмногу ми се допадна тоа што секој ден се запознавав со нешто ново и интересно.


ИН ОПТИМУМ: Колку книги прочитавте и која ја доживеавте најсилно?

КАТЕРИНА: За време на семинарот прочитав 9 книги, а најсилно ја доживеав “Страници на нашата љубов“ од Николас Спаркс, кој воедно е еден од моите омилени писатели.


ИН ОПТИМУМ: Функционираат ли техниките за брзо читање?

КАТЕРИНА: Секако дека функционираат, а најинтересно од се е тоа што сите различни техники можам да ги комбинирам, и да читам онака како што мене ми одговара, зависно од расположението.


ИН ОПТИМУМ:Колку брзо сега можете да прочитате книга?

КАТЕРИНА: Секогаш зависи од големината и содржината на книгата, но во принцип книга од 200 страници за помалку од еден час.


ИН ОПТИМУМ: На кого би го препорачале овој семинар?

КАТЕРИНА: На сите љубители на книгата кои сакаат да читаат, а немаат доволно време за тоа, секако и на моите пријатели кои се имаат определено за професијата правник, со најдобра намера би им го препорачала семинарот Брзо читање.


ИН ОПТИМУМ: И за крај, како вие би го опишале некому семинарот и вештината брзо читање?

КАТЕРИНА: Семинарот Брзо читање би го опишала како едно неверојатно искуство, за кое воопшто не се каам ниту за одвоеното време, ниту пак за парите. Во секој случај го препорачувам...